Енергетска
ефикасност

Симни PDF

Програма МСМ ЕКО 1 — пресметка, контроли и сертификати за енергетски карактеристики на згради.

Програма

Енергетска ефикасност — МСМ ЕКО 1

Софтверот МСМ ЕКО 1 е прва македонска комплетна алатка за пресметка на показателите на потрошувачка на енергија и енергетските карактеристики на градежните објекти. Врз база на тие показатели се прави оценка за исполнување на барањата за енергетска ефикасност — економична потрошувачка на енергија и минимум потребни енергетски карактеристики на градежните конструкции и елементи.

Со софтверот се пресметуваат енергетските, економските и еколошките показатели (СО2 емисии) и содржи енергетски пасош во кој показателите автоматски се пополнуваат. Целосно ги исполнува барањата од Правилникот за енергетски карактеристики на зградите и Правилникот за енергетска контрола (Сл. весник на РМ бр. 94/2013 и бр. 7/2015) и на Директивата 2010/31/ЕУ.

Примена

Што покрива МСМ ЕКО 1

  • Елаборат за енергетска ефикасност на градежни објекти
  • Енергетска контрола со предлог мерки за ЕЕ (нови објекти и енергетска обнова)
  • Потврда за исполнување на минималните барања за енергетска ефикасност
  • Сертификат за енергетски карактеристики — енергетски пасош
  • Оптимизација на проекти преку симулација и техно-економска анализа
  • Пресметка на профитабилност на мерките за ЕЕ (ПВИ, ПИИ, НСВ, КНСВ, ИСР)
  • Други енергетски пресметки за градежни објекти

Предности

Зошто МСМ ЕКО 1

  • Сè на едно место: потребна, финална и примарна енергија, СО2, U-коефициенти
  • Месечна метода на пресметка и зонирање на објектот
  • Режими: континуиран, со прекин или со редукција на температура
  • Топлински мостови, сончеви добивки и влијание на дилатации и еркери
  • Обновливи извори на енергија во енергетскиот биланс
  • База на материјали (> 600) и климатски податоци за 15 града во Македонија
  • Автоматски извештај од енергетска контрола, спремен за печатење

Документ

Презентација на софтверот

Целосен опис на методологијата, примената и практични примери за нови и постоечки објекти.

Симни PDF