М.С.М. Љиљана и други ДОО увоз-извоз Скопје е компанија која е формирана во 1991 година. Нашите стручни луѓе имаат 40 годишно работно искуство во проектирање, производство и контрола на машински елементи и склопови.
Наша специјалност се запчести преносници.
Од 2011 година застапници сме на NORD DRIVESYSTEMS, Getriebebau NORD GmbH & Co.KG. НОРД е еден од лидерите на светско ниво во технологијата на погонска индустрија на механички и електрични решенија.
Понудата вклучува
Посветени сме на разбирањето на потребите на нашите корисници, на иновации и развивање на долгорочни односи со нашите соработници.
Во секое време Ви стоиме на располагање за техничка поддршка, одржување, нови решенија и унапредување на работата на Вашите погонски единици.
Нудиме оптимални, издржливи, ефикасни и долгорочни технички решенија.
Каде работиме
Истиот тим ја води NORD програмата и енергетската ефикасност. Резервните делови и новите склопови се нарачуваат од една адреса во Скопје.
